Кошарка
Сите странски кошаркари ги раскинаа договорите со македонските клубови – не може да продолжи првата лига со натпреварување
Првиот човек на Кошаркарската федерација на Македонија вели дека договорите со странските кошаркари се раскинати бидејќи клубовите не можеа да ја издржат финансиската криза предизвиката од коронавирусот.
„Првата лига нема да продолжи, затоа што голем дел од клубовите, неможејќи да ги издржат финансиските притосоци веќе со странските кошаркари ги раскинаа договорите и ги напуштија клуповите, така што не постои воошто можност да продолжи првата лига со натпреварување. Доколку продолжи тоа би било само некое формално натпреварување со домашни играчи“, вели Владимир Георгиевски од Кошаркарската федерација на Македонија.
Сепак, останува можноста за продолжување на натпреварувањето во втората лига, бидејќи таму играчите се домашни, па ќе може да се доврши со некој скратен систем на натпреварување.