Фудбал
Сите трчаат по парите во Саудиска Арабија, еден би можел во обратна насока, има подобра статистика од Роналдо, а може да заврши во Барселона!
Додека сите клубови од Европа ги продаваат своите ѕвезди на Саудиска Арабија, шпанскиот гигант Барселона ќе се обиде да добие играч од таму. Весникот „Спорт“ тврди дека Барселона би можела да потпише со Андерсон Талиска, кој е соиграч на Кристијано Роналдо во Ал-Насер. Саудискиот клуб им го понуди играчот на Каталонците.
🚨🚨💣| Al Nassr have offered Talisca to FC Barcelona. @sport #FCBlive #barca #fcb #fcbarcelona pic.twitter.com/o6CJ1bGXgE
— Blaugrana News (@DirectingBarca) August 15, 2023
29-годишниот Бразилец Талиска ја докажа својата класа минатата година, постигнувајќи 21 гол плус 2 асистенции во 27 натпревари за Ал Наср. За споредба на неговите квалитети, каталонскиот весник нагласува дека Кристијано Роналдо има 17 гола на 35 натпревари.
Ал-Насер лесно може да се раздели со Бразилецот, бидејќи веќе го наполни тимот со квалитетни играчи од европските првенства. Барселона беше заинтересирана за повторно ангажирање на Нејмар и Бернардо Силва, но ја загуби трката за двајцата.
Позитивно за играчот е тоа што тренерот на Барса Чави Ернандез го познава, му се допаѓа и сигурно ќе го ангажира, особено по трансферот на Усман Дембеле во Пари Сен Жермен.