Connect with us

Фудбал

Сите зборуваат дека Пике заминува во пензија, а тој подготвува нешто што никој не го очекуваше

Жерар Пике повеќе од десет години игра на високо ниво во Барселона.

Пике се врати во каталонскиот клуб во летото 2008 година од Манчестер Јунајтед и оттогаш е стандарден првотимец на Камп Ноу секоја сезона.

Минатата недела Пике го одигра својот 600. натпревар во дресот на Барселона, што е доволен показател за трагата што ја остави во клубот со кој успеа да освои се што можеше.

Но, во последно време многу се пишуваше за тоа дека Пике размислува да стави крај на кариерата и дека на крајот од оваа сезона би можел да се збогува и да се посвети на некои други работи во животот.

Сепак, сега е јасно дека тоа нема да се случи и дека Пике има план да игра уште некое време. Дури и шпанските медиуми почнаа да пишуваат дека тој може да се врати во шпанската репрезентација по четири години пауза.

35-годишниот дефанзивец ги изненади сите кога се прости од репрезентацијата по Светското првенство во Русија 2018 година. И со Шпанија освои се што можеше, но се чини дека повторно би можел да го облече дресот на Црвената фурија.

За ова на денешната прес-конференција говореше и селекторот на оваа репрезентација Луис Енрике кој потврди дека се е можно.

„Враќањето на Пике во репрезентацијата? Па, тој е Шпанец и игра стандардно во својот клуб и ги исполнува сите услови да биде таму. Ако сака да се врати во националниот тим тогаш можно е тоа да се случи“, изјави Енрике.

Пике за шпанската репрезентација одигра 103 натпревари и успеа да постигне пет гола. Со оваа селекција беше и светски и европски првак.