Connect with us

Фудбал

Сите зборуват за сензационалниот трансфер на Кристијан Ериксен

На Кристијан Ериксен му истече договорот со Брентфорд и сега големиот Данец може да бара нов клуб.

Ериксен ја оживеа кариерата во Брентфорд, но неговиот неколкумесечен престој во клубот заврши и сега се подготвува за нови предизвици.

Како што е веќе познато, поради вградениот дефибрилатор, Ериксен има ограничен број на лиги во кои може да игра, а најсилни секако се англиската Премиершип и холандската Ередивизија.

Според најавите на медиумите од Островот, 30-годишниот фудбалер ќе остане во Премиершип, но во новата сезона ќе потпише за клуб со многу високи амбиции.

Имено, Ериксен во следната натпреварувачка година би требало да го облече дресот на Њукасл Јунајтед, најбогатиот клуб во светот од пред неколку месеци.

Популарните страчки на чело со тренерот Еди Хау сакаат да направат конкурентен тим, а Ериксен со своето искуство и квалитет би донел димензија повеќе.

Данскиот играч за врска целосно се опорави и зад себе ги остави здравствените проблеми и полека но сигурно потсетува на своите најдобри денови.

Њукасл Јунајтед нема да има проблем да ги исполни условите кои ги постави Ериксен, па нема да има проблеми околу трансферот.

Инаку, Данецот во последната полусезона запиша 11 настапи за Брентфорд со 1 гол и четири асистенции.