Фудбал
Сити го гледа Лаутаро како наследник на Кун Агуеро
Лаутаро Мартинес играше одлично во Интер и аргентинската репрезентација во последно време, а неговите игри не поминаа незабележано од актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити.
Иако Серхио Агуеро е далеку од пензија, што покажува и оваа сезона каде е најдобар стрелец во Премиер Лигата досега, Манчестер Сити размислува кој би можел да го замени. Кун Агуеро ќе наполни 32 години следното лето, и ќе му остане само една година од договорот со „граѓаните“.
Тој стана клупска легенда од 2011 година во Сити, но тимот на Пеп Гвардиола веќе размислува како ќе изгледа животот без него. Наследник на Агуеро би можел да биде Лаутаро Мартинс. Аргентинецот, наводно, има откупна клаузула од 111 милиони евра во договорот, а за тоа е заинтересирана и Барселона. Инаку, Интер и Мартинез моментно преговараат за нов договор, така што клаузулата би можела да биде поголема, секако доколку има нов договор.
Лаутаро има постигнато три гола на девет натпревари оваа сезона, а во Интер овој 22-годишен играч има многу конкуренција, па затоа ретко ги игра целосно натпреварите.