Фудбал
Сити го ослободува Серхио Агуеро на крајот на сезоната
Манчестер Сити ќе му дозволи на Серхио Агуеро да замине на крајот на сезоната, доколку аргентинскиот напаѓач сака предвреме да го заврши договорот. 31-годишниот напаѓач има договор со „Граѓаните“ до летото 2021 година.
Во моментов нема знаци за обнова на договорот, па страните може да се разделат пред да истече сегашниот договор. Според „Дејли меил“, Серхио Агуеро неколку пати кажал дека сака да се врати во родниот град, каде ќе игра со тимот на Индипендиенте пред конечно да го напушти фудбалот.
Агуеро е член на Сити од 2011 година, каде ја испиша историјата на клубот и Премиер лига. Поради оваа причина, клубот ќе го остави играчот слободен, односно сам да одлучува за својата судбина, како знак на благодарност за неговиот придонеси.