Фудбал
Сити го презема врвот на табелата во Англија, Њукасл го декласираше Кристал Палас
Манчестер Сити ја прекина серијата од два порази во Премиер лигата со победата од 2:1 на домашен терен против Брајтон во 9. коло и стигна до врвот на табелата. По неполни 20 минути, Сити дојде до предност од 2:0 со головите на Алварез (7.) и Халанд (19.).
Во продолжение Ансу Фати (73) го намали резултатот на 2:1, за во судиското надополнување гостите да имаа играч повеќе поради исклучувањето на Аканџи, но домашните сепак ја сочуваа победата. Сити сега има 21 бод, еден повеќе од второпласираниот Ливерпул, третопласираниот Тотенхем и четвртопласираниот Арсенал. Брајтон е седми со 16 бодови, исто толку колку што има петтиот Њукасл Јунајтед и шестата Астон Вила.
На натпреварите одиграни во исто време, Брентфорд го декласираше Барнли со 3:0, со головите на Јоан Виса, Брајан Мбеумо и Саман Годос. Волвс победи со 2:1 на гостувањето кај Бурнмаут со головите на Матеус Куња и Саша Калајџиќ, а единствениот гол на домаќините го постигна Доминик Соланке.
Нотингем Форест и Лутон ремизираа 2:2. Два гола за домаќините постигна Крис Вуд, а за гостите Кједози Огбене и Елија Адебајо. Њукасл го декласираше Кристал Палас со 4:0, а стрелци беа Шон Лонгстаф, Џејкоб Марфи, Ентони Гордон и Калум Вилсон.