Фудбал
Сити го сака талентираниот дефанзивец, но Челси и клаузулата се пречка
Екипата на Манчестер Сити и покрај незгодниот момент во лигата, размислува за иднината. Тренерот Пеп Гвардиола го привлече вниманието на холандскиот дефанзивец Нејтан Аке, кој игра во Премиер лигата со Борнмут.
24-годишниот дефанзивец чини околу 40 милиони евра, сума не е проблем за граѓаните. Најголем проблем за Сити е да го убеди Челси да се откаже, а не Борнмут, бидејќи него го сакаат и во тимот на Сините.
Всушност, Челси го продаде играчот во 2017 година, но со опција да го откупи пред кој било друг тим, што го отежнува овој трансфер за „Граѓаните“. Манчестер Сити е подготвен да го купи играчот уште во јануари, поради проблемите во одбраната.