Фудбал
Сити ќе ја пречека Борусија во Будимпешта
Рестрикциите за патување во Велика Британија е причината за одлуката да се игра на неутрален терен. Манчестер сити ќе ја пречека Борусија Менхенгладбах како домаќин во Будимпешта на „Пушкаш Арената“ во рамки на реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампиони.
„УЕФА им се заблагодарува на Манчестер Сити и Борусија Менхенгладбах за поддршката и соработката, како и на Унгарската фудбалска федерација за помошта во договорот за локацијата каде ќе се одржи натпреварот“, објави УЕФА.
We're heading ? to Budapest in the #UCL!
? #ManCity | https://t.co/axa0klUGiMhttps://t.co/7IIhzgxHok
— Manchester City (@ManCity) March 10, 2021
Фудбалскиот сојуз на Унгарија излезе во пресрет на екипите и за тоа доби посебна благодарница од страна на УЕФА.
Рестрикциите за патување во Велика Британија е причината за одлуката да се игра на неутрален терен.