Connect with us

Фудбал

Сити му покажа на Јунајтед кој е главен во градот, а Родри постави голем рекорд (ФОТО)

Манчестер Сити по пресврт успеа да го совлада Манчестер Јунајтед со 2:1 во градското дерби, а неверојатен рекорд постави шпанскиот играч за врска Родри. „Граѓаните“ дојдоа до победа по целосна доминација против градскиот ривал, а шпанскиот играч за врска Родри ја продолжи импресивната серија во дресот на Сити.


Кога Родри е на теренот – Сити не губи. Тоа се потврди и вчера, бидејќи Родри го одигра 59-от натпревар по ред во сите натпреварувања во кој Сити немаше пораз! Така Шпанецот во вчерашното дерби го надмина рекордот кој го држеше славниот португалски стопер Рикардо Карваљо.

Карваљо остави длабока трага играјќи за лондонски Челзи, а неговата серија без пораз датира од периодот од 2006 до 2008 година. Сити има три порази оваа сезона, но Родри на ниту еден од тие натпревари не беше на теренот.