Connect with us

Фудбал

Сити немилосрден, го наполни голот на Астон Вила уште во првото полувреме

Манчестер Сити демонстрира моќ на гостувањето кај Астон Вила. „Граѓаните“ имаат водство од 4:0 во првата половина од натпреварот.

Избраниците на Пеп Гвардиола играат одличен натпревар, а головите за ова високо водство ги постигнаа Марез во 18. и 24. минута, Агуеро во 28. минута и Габриел Жесус во 45+1. минута од натпреварот.

Останува да видиме дали Астон Вила ќе нарави нешто да ја намали предноста на Манчестер Сити во второто полувреме, или пак „Граѓаните“ целосно ќе го „прегазат“ домаќинот.