Фудбал
Сити се обидува да го примами Санчо, нудејќи 100 милиони евра
Манчестер Сити подготвува голема понуда за англиската sвезда на Борусија Дортмунд, која ја бараат и другите европски фудбалски гиганти.
Манчестер Сити сака да го врати Јадон Санчо на стадионот „Етихад“, пренесува „Експрес“.
Актуелниот англиски шампион го остави талентот да се пресели во Борусија Дортмунд, каде имаше повеќе можности за развој.
19-годишниот фудбалер не разочара бидејќи во последните две сезони остварува извонредни настапи со Бундеслигата.
Сега, најголемите европски клубови го свртеа погледот кон офанзивниот играч.
Британскиот таблоид „The Sun“ вели дека Сити ќе испрати понуда од 100 милиони фунти за Санчо следното лето.
Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челзи, Барселона и Реал Мадрид исто така го сакаат фудбалерот.
Санчо има постигнато 10 голови за Дортмунд оваа сезона.