Фудбал
Сити тропа на вратата на Реал, 40 милиони евра за „заборавениот“ на Зидан!
Манчестер Сити започна со потрага за замена на Давид Силва. Шпанецот ќе го напушти „Етихад“ на крајот на сезоната, каде најверојатно ќе му се придружи на Јапонците на Висел Кобе.
Главната цел на англискиот клуб е Иско, дури и првата понуда е подготвена. Како што пренесуваат шпанските медиуми, лидерите од островот ќе понудат скоро 40 милиони евра за да го убедат Реал да го ослободи играчот од средниот ред.

Иско запиша само 203 минути оваа сезона во Ла Лига. Преселбата во Сити би била совршена за 27-годишникот, но се зависи од „Лос Бланкос“, кој треба да ја разгледа понудата на граѓаните.