Connect with us

Фудбал

СКАНДАЛ: Гатузо го избркал Елмас од тренинг!

Џенаро Гатузо во конфликт со нашиот Елиф Елмас. Имено како што пренесуваат медиумите во Италија, стратегот на наполитанците на вчерашниот тренинг бил многу лут на тоа како работел Македонецот па затоа го испратил на предвремено туширање.

Ова не е прв пат тренерот на „наполитанците“ да направи вакво нешто, бидејќи претходно ги има избркано и Алан (лани), Фази Гулам и Марио Руи.

Во меѓувреме, се шпекулира дека во следната сезона Наполи ќе има нов тренер, и тоа Лучано Спалети. Се чини дека во ситуацијава, најдобро за Елмас е било кој да биде тренер, само да не остане Гатузо. Во спротивно, после ЕП ќе треба да си оди.