Connect with us

Други спортови

Скандал го тресе спортот во Велика Британија, средовечен маж го сменил полот и сега се натпреварува во лига со девојчиња од 12 години!

Скандал го тресе спортот во Велика Британија. Крикетот предизвика јавна дебата и хаос во оваа земја, бидејќи беше откриено дека средовечен маж го сменил полот и се натпреварува со девојчиња на возраст од 12 и повеќе години. Тотален хаос, родителите се бесни, дури и поранешната секретарка за безбедност Прити Пател се огласи.

Британски „Телеграф“ ја откри споменатата информација откако до медиумите пишаа многу тренери и родители, чии ќерки се натпреваруваа против трансродова личност. Тие се загрижени за безбедноста на нивните деца, како и за тоа што се во подредена положба кога станува збор за спортот.

„Тој ја удира топката посилно од кој било во нашата лига“, рече еден тренер.

Според тврдењата во текстот, тоа лице веќе неколку пати ги повредило девојчињата, иако ненамерно и во текот на играта, па тоа било уште една причина за грижа на родителите. Дадоа и официјални изјави, но сакаа да останат анонимни.

„Непримерно е некој кој има многу подобри физички предиспозиции, сила и слични придобивки да биде во лига со девојки на 12 години. Многу од нив веќе се откажале од овој спорт, бидејќи се плашат да не се повредат“, велат мајка на еден од нив..

Сите тие наводно веќе се пожалиле во федерациите и зборувале за ова, но никој не ги сфатил толку сериозно затоа што тоа не е фудбал или некој попознат спорт, туку крикет за девојки. Дури и правилата се такви што на трансродовите лица им е дозволено да се натпреваруваат во рекреативните лиги на крикет. Сега стана една од главните вести, па се вклучи и поранешниот секретар за безбедност.

„Ова е срамота. Безбедноста на жените и девојките никогаш не смее да биде загрозена. Единствениот начин некој да биде дел од женскиот тим е ако е роден како жена. Нема поинаку“, рече Прити Пател.

Не е првпат на оваа тема да се зборува во медиумите, познат е случајот со американската пливачка Леа Томас. Таа го промени полот и соборува рекорди во пливање, додека другите натпреварувачи немаат шанса кога ќе се натпреваруваат против неа во базен.