Тајмаут
Скандал: Коментатор спомнуваше жена на познат голман, па веднаш е суспендиран
Скандал ја тресе Германија. Еден телевизиски коментатор заработи суспензија поради недолична шега за сопругата на познатиот голман Лорис Кариус.
Коментаторот Јорг Далман (61) направи скандал откако во текот на преносот на фудбалскиот меч помеѓу Унион Берлин и Падерборн во рамките на Купот направи сексистички коментар. На тој меч поранешниот голман на Ливерпул, а сега на Унион Берлин три пати беше совладан, а неговиот тим загуби со 3:2. Причина за суспензијата е коментарот на сметка на Софија Томала, германска актерка, манекенка и ТВ водителка, воедно сопруга на Кариус.
-Кариус сега во Берлин седи на клупата. Има среќа што дома може да се мази со својата сопруга, но и јас би седел на клупата за да можам пред спиење да ја гушнам Софија, рекол Далман пред завршетокот на мечот.
Поради тоа германска „Скај Спорт“ одлучи да го суспендира и да не го коментира мечот Мајнц- Бохум.
Но, Томала му одговори на коментаторот.
-Секој сака малку љубов за Божик. Јорг исто така. Но, луѓе тука се работи за фудбалот, а не детски срања. Не сум го забележала тоа, Унион беше толку блиску до победа, а тоа повеќе ме иритираше, изјавила Томала за „Билд“.