Фудбал
Скандал на денот на мечот Македонија-Украина, уапсен првиот човек на украинскиот фудбал!
Уапсен е Андриј Павелко, претседател на Украинската фудбалска репрезентација. Според тамошните медиуми, судот му одреди 60 дневен притвор. Павелко е обвинет за проневера на средства за изградба на фабрика за производство на вештачка трева за фудбалски игралишта.
Сето ова се случува на денот кога Украина и гостува на Македонија во рамките од квалификациите за пласман на ЕП. Мечот се игра вечерва во Скопје со почеток во 20:45 часот.