Тајмаут
Скандал на ЕП: 27 минути натпревар без резултат и графика на директен пренос
Иако на Европското првенство се треба да функционира како подмачкано, но на денешниот натпревар меѓу репрезентациите на Хрватска и Белорусија не беше така. Поголем дел од натпреварот воопшто немаше графика, па така не можеше да се погледне моменталниот резултат на натпреварот.
Проблемот не беше кај записничкиот стол, бидејќи на веб страницата на ЕХФ во реално време се бележеа резултатите од натпреварите, ниту пак на тие кои го пренесуваат сигналот на телевизиските куќи бидејќи и коментаторите во неколку наврати потенцираа дека нема графика.