Connect with us

Други спортови

Скандал на ЕП во Кипар: Цензурирано косовското знаме, забрането интонирање на химната, каратистите одбија да учествуваат

Владата на Кипар донесе одлука натпреварувачите од Косово да не можат да се натпреваруваат под своето знаме.

Ваква одлука беше донесена на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори на Кипар.

Учесниците сакаа да се повлечат бидејќи не им беа прифатени жалбите, а претседателот на карате сојузот на Косово изјави дека и химната била забранета.

„Ние бевме примени од Европската карате федерација, до сега се натпреварувавме на друго место, но не ни дозволија на Кипар. Ни рекоа дека натпреварувачите можат да настапуваат само како претставници на Карате федерацијата и дека наместо знамето, таму е натписот „Косовска карате федерација“. Ни кажаа и дека нема да има интонирање на националната химна доколку нашиот натпреварувач го освои златото“, рече Гаши кој упатил жалба до Светската карате федерација

-Извршниот комитет се состана во Ларнака и после тоа ни беше кажано дека не можат да ја сменат одлуката на Владата на Кипар и дека можеме да се натпреваруваме само под тие услови. Не ја прифативме. Едногласно одлучивме дека нема да настапуваме таму.“, заклучи Гаши и додаде дека требаше да учествуваат над 30 каратисти