Фудбал
Скандал на полувремето Наполи-Милан, ваков Малдини не сме виделе: Што к*р сакаш ти?!(ВИДЕО)
Речиси сигурно Наполи ќе ја освои титулата во Серија А оваа сезона, но тимот на Лучијано Спалети изгледаше раштимано кога Милан им гостуваше во неделата навечер. Гигантот на италијанскиот фудбал се прошета низ Неапол и до врв ја наполни мрежата на актуелниот лидер за убедлива победа – 4:0.
👀 Maldini and Spalletti having words just before the second halfpic.twitter.com/BLjV6odbXj
— SempreMilan 🏆 (@SempreMilanCom) April 2, 2023
Првопласираниот тим од италијанскиот шампионат беше безопасен без Виктор Осимен, а одбраната не наликуваше на онаа од претходните мечеви. Затоа Наполи лесно и убедливо беше поразен од тимот против кој ќе игра во четвртфиналето од Лигата на шампионите и тоа не им е единствениот проблем. нивниот тренер Спалети на полувремето се најде во многу необична ситуација бидејќи влезе во вербален конфликт со Паоло Малдини, легендарниот фудбалер кој сега е директор на Милан. Во таа прилика беа изнесени и тешки зборови…
„Што к*р, што сакаш“, му рекол Малдини на Спалети откако тренерот на Наполи му се пожалил на судијата за жолтиот картон што го добил еден од неговите играчи. Малдини немал право да го прекинува разговорот со судиите.
Инаку, Паоло беше речиси целосно во право кога рече дека Наполи ја освоил шампионската титула. Иако има уште многу да се игра до крајот на сезоната, разликата меѓу тимот од Неапол и второпласираниот Лацио е цели 16 бодови и делува недостижна.