Connect with us

Фудбал

СКАНДАЛ! Роналдо давеше противнички фудбалер, доби само жолт картон, неговиот тим „падна“, нема да биде шампион!

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо направи несфатлив потег во Саудиска Арабија кога му скокна на грбот на играч на Ал Хилал и „го фати за гуша“. Несреќниот фудбалер за малку ќе останеше без воздух поради потегот на Роналдо, каков што не сме виделе во неговата кариера, а се чини дека причината е фрустрацијата бидејќи неговиот Ал Наср играше многу лошо откако претходниот тренер Руди Гарсија доби отказ.

Ал Наср загуби со 2:0 на гостувањето во дербито против Ал Хилал, а Кристијано Роналдо имаше среќа што англискиот судија Мајкл Оливер, кого добро го познава од Премиер лигата, не го исклучи поради споменатиот потег, туку само му даде жолт картон.