Фудбал
СКАНДАЛ: Технички проблем ги држи луѓето надвор од трибините за Англија против Иран
Технички проблем со апликацијата за билети на ФИФА може да го остави натпреварот Англија-Иран без публика на трибините.
На уредите на многу поддржувачи има проблем во делот „Мои настани“ каде што треба да бидат прикажани нивните пропусници за натпреварите на стадионот Калифа.
Некои од навивачите биле вознемирени бидејќи добиле порака: „Нема билет поврзан со вашата е-маил адреса“.