Други спортови
Скандал: Украинка го напушти натпревар поради Русинка
Украинската тенисерка Марта Костјук го напушти мечот на Мастерсот во Рим.
Причината за заминувањето е тоа што требаше да игра против Русинки.
Костјук направи скандал на Мастерсот во Рим, откако сред меч излезе од теренот и повеќе не се врати на него.
Во дубл со Романката Елена Русе играја двојки против Вероника Кудерметова и Анастасија Пављученкова
По првиот сет, кој го добиле Русинките со 6:1, Костјук едноставно го напушти теренот без објаснување и не се врати.
Наводно за време на натпреварот имало размена на непријатни зборови меѓу Украинката и Русинките, а тоа е причина поради која повеќе не се врати на теренот.
Yep, Kostyuk retired.. just left https://t.co/EFchDhQ47M pic.twitter.com/V8ZKH2glx1
— 😵💫 (@moooonballer) May 12, 2022
