Connect with us

Фудбал

Скандал во Албанија! Челниците на клубот тепаа Хрват: Се вмеша и УЕФА

Хрватскиот фудбалер Анте Живковиќ доживеа вистински хорор во Албанија, каде беше претепан од шефот на клубот за кој настапува.

Тој минатата сезона го напушти Борац од Бања Лука, а среќата реши да ја бара во тимот на Кукеши, но се чини дека не направи добар избор.

Ништо не беше како што очекуваше, па по неколку месеци доживеа бројни непријатности, откако му напиша на клубот за неисплатени плати.

Вчера клупските челници го повикале Живковиќ на состанок, но наместо да ги добие информациите што ги барал, тој ја доживеал најлошата ситуација во кариерата.

Претставниците на клубот неколку часа го држеле Живковиќ во клупските простории и му упатувале бројни навреди и закани, пренесува босанскиот „Sportsport.ba“.

Но, не заврши тука, а се кулминираше со физички напад врз Живковиќ, кој на крајот беше претепан. На крајот челниците на Кукеши го принудија Живковиќ да стави потпис на раскин на договорот, а во спротивно не сакаа да го пуштат.

Ова го пренесе и Сојузот на професионални фудбалери, а веднаш беше покрената постапка пред ФИФА со надеж дека Живковиќ ќе докаже дека бил принуден да потпише раскин на договорот.