Connect with us

Други спортови

Скандал во Ереван, на спортски настан запалено азербејџанското знаме (ВИДЕО)

Иако многупати се апелира дека политиката мора да биде надвор од спортот, во пракса тоа не е така Таква ситуација се случи во Ерменија, на Европското првенство во кревање тегови во Ереван.

За време на презентацијата на Азербејџан, земја со која до неодамна Ерменците беа во војна, еден фан дојде до бината, го запали и одзеде знамето на cоседите.

Обезбедувањето веднаш реагираше и го дофати сторителот, а тој по бркањето од салата пред народот беше дочекан како национален херој, бидејќи сите го поздравуваа и му дадоа овации.