Фудбал
Скандал во Франција, 24 годишна девојка обвинила ѕвезда на ПСЖ за обид за силување, полицијата отвори истрага
Обвинителството во Франција отвори истрага против фудбалерот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, поради обвинувања за силување.
Истрагата беше доверена на специјален оддел на француската полиција на територијата на Булоњ-Биланкур, каде што играчот престојува.
Мароканскиот фудбалер беше обвинет за силување од 24-годишна девојка, која изјавила дека се се случило во неговата куќа на крајот на овој месец.
Дефанзивниот 24-годишен фудбалер е член на ПСЖ од 2021 година, кога дојде од милански Интер.
Le Parisien пишува дека неименуваната девојка отишла во полициска станица и го обвинила Ашраф Хакими за силување претходниот викенд, додека сопругата и децата на мароканскиот репрезентативец биле во Дубаи.
Полицијата отворила истрага, а се дознава и дека Хакими и неименуваната девојка контактирале на 16 јануари.