Connect with us

Фудбал

Скандал во Лигата на шампионите, илјадници навивачи стоеја пред влезот, не ги пуштаа на стадион (ВИДЕО)

Голем скандал се случи пред натпреварот меѓу Порто и Интер во Лигата на шампионите. Илјадници навивачи на тимот од Милано пристигнаа во Португалија со намера да го бодрат својот тим, но со уредно платени билети не им беше дозволен влез во „Драгао“!

Натпреварот започна, се играше првото полувреме, а илјадници Италијанци се уште чекаа да влезат на стадионот и да седнат на своите места, но тоа не им беше дозволено. На крајот, организаторите во еден момент решија да ги пуштат на стадион, но само ако ги соблечат шаловите, дресовите, маичките и сите обележја!

Но, и тоа ветување не се исполни! Кога ги оставија своите навивачки реквизити, навивачите на Интер сепак не беа пуштени да влезат во натпреварот, па продолжија луто да протестираат пред стадионот, за што пренесоа сите италијански медиуми.

Инаку, Интер се пласираше во четвртфиналето откако синоќа „преживеа“ на „Драгао“ со 0:0, а на првиот меч на домашен терен славеше со голот на Лукаку со 1:0 постигнат во последните минути од мечот.