Connect with us

Фудбал

„Скандал во Скопје“ Вака српските и бугарските медиуми ја пренесоа веста за вчерашниот натпревар Македонија-Бугарија

„Скандал во Скопје. Македонците ја исвиркаа химната на Бугарија“, со ваков ударен наслов денеска во Србија и Бугарија печатените но и електронски портали ја пренесуваат веста во вчерашниот натпревар меѓу Македонија и Бугарија.

Во Србија акцент се става на селекторот на бугарската селекција, Србинот Младен Крстаиќ.

Бугарскиот сајт „Спортал“ пишува дека Македонците извикувале – „Бугари, Татари“ и „Цигани“ . И дека навивачите на домашната селекција пеењето на бугарската химна го придружуваа со волеј свирежи, како и претставувањето на секој играч по име.

Порталот „Топспорт“ отиде уште подалеку. Тие ги обвинуваат македонските медиуми и новинари дека се горди, што нивните навивачи ја исвиркале химната на Бугарија и нејзините играчи. Дури пишуваат дека освен што ги навредувале Бугарите дека се „татари и цигани“, македонските навивачи извикувале и – бугарски кучки!

За жал, во сенка на пресметката на бугарските медиуми со Македонците , успехот на селекторот Младен Крстајиќ остана настрана. Србинот ја оживеа Бугарија и го извади најдоброто од нејзините играчи, бидејќи со две победи, против Гибралтар и Северна Македонија, избега од дното на табелата и го задржа статусот во Ц дивизијата.