Фудбал
Скандал во Турција: „Не знам кој стои зад тој судија и каква моќ има, но ова е неприфатливо“ (ВИДЕО)
Галатасарај и Башакшехир ремизираа 1-1 во саботата во натпреварот од 17. коло на турската Суперлига.
Натпреварот во Истанбул го одбележа скандал за судењето на Зорбај Ќучук. Галатасарај излезе со соопштение во кое го обвини судијата за грешки и навреда на играчите.
Играчот од средниот ред на Галатас, Беркан Кутлу (23) по натпреварот проговори за судијата.
„За жал, се чувствувам принуден да зборувам за нешто друго освен фудбалот. Секоја граница е надмината. Нема почит. Судијата не нарече лажговци“, рече Кутлу и додаде: „Ние сме фудбалери на Галата, но пред се луѓе. Сакаме тие да не почитуваат нас, слушнав што му рече судијата на еден од моите соиграчи“.
На тоа се жали и помошникот тренер на клубот од Истанбул, Атеш Неќати. “Тој не може да зборува така. Скоро ги пцуеше нашите играчи. Не знам кој стои зад него, каква моќ има, но ова е неприфатливо”.
Галатасарај повика на остра постапка против судијата Зорбај Ќучук, кој е обвинет за „давање навредливи изјави кон играчите“. Клубот од Истанбул соопшти дека ќе преземе правни мерки против судијата.
По ремито со Башакшехир, Галатасарај има шест последователни натпревари без победа во првенството и се наоѓа на само 10. место во поредокот.