Connect with us

Фудбал

Скандалот и натаму ја „тресе“ Барселона, потрошени над 1 милион евра за „ботови“ за оцрнување на играчите

Објавено:

Скандалот и натаму ја „тресе“ Барселона, иако каталонскиот тим ги негираше сите информации кои се појавија во медиумите. Сепак угледното радио „Кадена Спорт“ и натаму објавува информации за наводната поврзаност на каталонскиот тим со компанијата “I3 Ventures”, која наводно била задолжена за „ботови“ на социјалните мрежи за да ги дискредитираат сите фудбалери кои лошо зборуваат за претседателот Жозеп Бартомеу.

Мета на овие „ботови“ биле Лионел Меси, Жерар Пике и поранешниот тренер Пеп Гвардиола.

„Кадена сер“ пишува дека за оваа цел наводно клубот потрошил над еден милион евра.

Викендов се огласи и Барселона која ги негираше овие трврдења, но сепак порача дека компанијата била ангажирана, но за друга цел, истражување на пазарот на социјалните мрежи.

-Клубот се обидува да се грижи и да ја сочува репутацијата на луѓето поврзани со клубот, спонзорите, играчите, членовите на раководството и членовите на навивачките клубови, се вели меѓудругото во соопштението на Барселона.

 

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com