Connect with us

Фудбал

Скандалот за првиот човек на Сојузот, кој во уста бакна фудбалерка продолжува, се појави видео од автобусот со фудбалерките (ВИДЕО)

Фудбалерките на Шпанија го освоија Светското првенство во Австралија, иако за тоа речиси и не се зборува. Цел свет зборува од потегот на претседателот на фудбалскиот сојуз Луис Рубиалес кој на подиумот ја бакна фудбалерката Џени Хермосо. На почетокот не му се придаваше толкаво значење, се до враќањето во Шпанија. Следеа протести по улиците, се огласија и многу фудбалерки, па фудбалерките порачаа дека нема да играат за репрезентацијата се додека тој е претседател. Рубиалес одбива да отстапи, тврди дека вистината е поинаква, дури и неговата мајка штрајкувала со глад и ја замолува Џени „да ја каже вистинската вистина“. Сега има видео од автобусот во кој биле фудбалерките.

На видеото се гледа како Џени Хермосо заедно со нејзините колешки на шега и смеа зборуваат за тој бакнеж. Таа покажува слики на телефонот и се шегува со нив. Во еден момент можете да ги слушнете сите како го извикуваат зборот „бакнеж“ одново и одново. Тој клип брзо се прошири на социјалните мрежи и создаде нов хаос.