Connect with us

Други спортови

Скандалозна изјава на руски скијач за Украина го обиколува светот

Руските скијачи предизвикаа многу контроверзии зборувајќи за настаните во Украина.

Она што се случува во Украина веќе четири дена е главна тема во целиот свет и е неизбежно дури и за спортистите, особено за оние кои ја претставуваат Украина или Русија, чија војска од четвртокот ја нападна украинската територија и започна војна.

Генерално, спортистите реагираат позитивно, даваат поддршка на Украина, дури и спортистите во Русија повикуваат на мир и сакаат руската инвазија да престане.

Затоа, гестот што го направи рускиот скијач – ски скокач Евгениј Климов предизвика доста контроверзии. По двата скока, рускиот скокач замавна кон камерата и ја покажа ракавицата на која беше извезено руското знаме.

Мавтањето со фановите пред ТВ екранот од ридот е нормален гест и го прави практично секој натпреварувач кој го прекинува својот обид, но ако ова е знамето на земја која нападна соседна земја, тешко е да не се разбере тоа како политичка провокација.

Се чини дека Климов не е единствениот руски спортист кој го поддржува режимот на Путин и целосно верува во неговите постапки.

Рускиот скијач Виачеслав Барков за новинар во Норвешка изјави дека моментално во Украина е во тек „спасувачка операција“.

„Војна? Каде е војната?“, праша Барков еден норвешки новинар кога ја спомна воената состојба во Украина.

Да потсетиме, уште пред почетокот на ФИС Светското првенство во Лахти, навивачите почнаа да ги прашуваат организаторите дали на руските спортисти ќе им биде дозволено да настапуваат пред инвазијата на Украина, а на крајот беше одлучено „невините спортисти да не бидат осуден“ и да настапат на Светското првенство. Но, зборовите како оние што ги изговори Барков може да ја принудат ФИС да се премисли и да ја „спушти границата“ на Русите.