Фудбал
Скандалозниот пост на Икарди на Инстаграм ја шокираше и Ванда
Познато е дека Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда привлекоа големо внимание со објавите на Инстаграм, но се чини дека овојпат малку претераа.
Ванда е позната по своите разголени фотографии кои честопати ја ставаат во центарот на вниманието. Сепак, овој пат, „виновник“ е Икарди, кој доби голема критика за она што го напиша во описот на фотографијата.
Имено, Икарди објави фотографија со своето куче и Ванда на Инстаграм, а во описот напиша: „Моето куче и мојата кучка“, што предизвика големи критики.
Овој пост не му се допадна и на неговaта избраничка Ванда, кој иронично коментираше на тоа „Колку смешно“.