Фудбал
Скандалозно и срамно однесување на Серхио Рамос, па тие ли ти се виновни за поразот од Баерн Минхен (ВИДЕО)
Искусниот фудбалер на Пари Сен Жермен, Шпанецот Серхио Рамос, ја шокираше јавноста со своето срамно однесување по поразот од Баерн во Лигата на шампионите.
Пари Сен Жермен е поразен на домашен терен од германскиот тим со резултат 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
— EuroFoot (@eurofootcom) February 15, 2023
По очајната игра, Рамос беше доста нервозен, па реши да го „истресе“ бесот на фоторепортер кој случајно се нашол во негова близина.
Имено, играчите на ПСЖ по натпреварот тргнаа да ги поздрават незадоволните навивачи, па околу нив се собраа голем број новинари и фоторепортери.
Во таа гужва, фоторепортер случајно малку го турнал Рамос и фудбалерот налутено му рекол да внимава каде оди. Во тој момент на фудбалерот налетал друг фоторепортер, кој веднаш експлодирал и дивјачки го оттурнал.