Connect with us

Други спортови

Скандалозно, но и срамно, германски магазин објави лажно интервју со Михаел Шумахер (ФОТО)

Германскиот магазин „Die Aktuelle“ објави интервју со легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер, кој не е виден во јавноста по несреќата на скијање пред 10 години. Неделникот, кој е познат по објавување неверодостојни информации, на насловната страница со големи букви објави интервју со седумкратниот светски шампион под наслов „Михаел Шумахер: Прво интервју, светска сензација“, а под него со мали букви: Звучи измамнички реално“.

Имено, новинарите користеле компјутерска програма за интервјуто „AI chatbots“, која одговарала на прашања како навистина да се работи за поранешниот возач на Џордан, Бенетон, Ферари и Мерцедес. Во наводниот разговор, кој бил објавен на две страни, меѓу другото, добиле одговор на прашањата за тоа како Шумахер се повредил во 2013 година, како семејството се грижело за германскиот возач, па дури и за кариерата на неговите деца Џина и Мик.