Кошарка
Скандалозно однесување на кошаркарите на Црвена звезда
Кошаркарите на Црвена звезда (Србија) беа исвиркани од публиката за време на гостувањето на Жалгирис во Литванија, бидејќи не застанаа зад транспарентот со боите на украинското знаме и зборовите „Стоп за војната“ со кој позираа домаќините и судиите. пред одложениот натпревар од 21. коло од Евролигата.
Американецот Арон Вајт, кој е поранешен кошаркар на Жалгирис, а сега го води тимот на српскиот тим, на социјалните мрежи објави дека на играчите на Црвена звезда им било наредено да не го допираат плакатот.
„Ни беше кажано како тим да не го допираме транспарентот. Би сакал јасно да кажам дека не ја поддржувам војната и сакам мир во светот“, напиша Вајт.
Домаќините од Жалгирис го добија натпреварот со 103:98 по продолжение. За време на натпреварот дојде до тензија меѓу симпатизерите на двата тима, бидејќи дел од навивачите на литванскиот тим вееја знаме на НАТО на гостинските навивачи. На крајот навивачите на Црвена звезда беа повикани да ја напуштат салата пред крајот на натпреварот и беа спроведени до аеродромот.