Connect with us

Други спортови

СКОПЈЕ: Во тешка сообраќајна несреќа загина познат велосипедист

Арбр Шаќири од Скопје е велосипедистот кој вечерва го загуби животот во несреќата на скопската обиколница кај Радишани, јавува Клан Македонија. 

Веста на социјалната мрежа Фејсбук ја објави велосипедскиот клуб „Феникс“.

Со жалење ве известуваме дека денеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил удри во двајца велосипедисти од Скопје, на обиколницата во Скопје (Радишани) со движење од Тетово. Во несреќата животот го загуби нашиот пријател и член на клубот Феникс Сајклинг Тим, Арбр Шаќири. Во име на клубот изразуваме најдлабоко сочувство до семејството и блиските“, се вели во соопштението на „велосипедскиот тим Феникс“.

Facebook

Реклама