Connect with us

Фудбал

Скоро 1.000 тестирани во Премиер лигата, два теста позитивни

Англиската Премиер лига објави дека по втората рунда тестирање, само две лица тестирале позитивно за „Ковид-19“, а биле тестирани вкупно 996 лица.

Тестовите на играчи и членови на сите 20 англиски Премиер лигаши беа спроведени во четврток 21. мај и петок 22. мај.

Ве потсетуваме дека по тестирањето на 17 и 18 мај имало шест позитивни тестови од вкупно 748 тестови на вработени и членови на екипите на англиската Премиер лига.

Како што е практиката, Премиер лигата не сакаше да ги открие идентитетите на заразените лица.

Секој клуб од Премиер лигата доби 100 тестови во текот на неделата. Од вторник, на клубовите им е дозволено да тренираат во мали групи, а целта е сезоната да продолжи на 12 јуни.