Connect with us

Фудбал

Скоро целата своја кариера ја поминаа во Јунајтед, а сега заедно се преселуваат во истиот клуб?

Дуото на Манчестер Јунајтед Џеси Лингард и Фил Џонс ќе бидат главните мети на Вест Хем Јунајтед ова лето, пренесува „The Independent“.

Тренерот Дејвид Мојс веќе работеше со нив додека беше на клупата на „црвените ѓаволи“ и сака да го обнови партнерството, но само во случај Вест Хем да остане во лигата.

Потсетуваме, Вест Хем моментно е на 16 позиција со само четири бода повеќе од опасната зона, а до крајот на Премиер лигата остануваат уште само пет кола.

Инаку, клубот од Лондон би требало да има конкуренција во обид да ги донесе споменатите играчи. Њукасл Јунајтед, наводно, е заинтересиран за Џонс, додека Лингард претходно се поврзуваше со Рома и Евертон.

Двајцата играчи се наоѓаат во Јунајтед веќе неколку години, но во последно време се во позадина, така што приказните за нивните заминувања не се толку изненадувачки.