Connect with us

Кошарка

Скоти Пипен бесен на Мајкл Џордан, се огласи и Денис Родман

Објавено:

Популарниот документарен серијал „The Last Dancе“ за Мајкл Џордан и Чикаго Булс ги собори сите рекорди на гледаност на телевизиската станица ЕСПН, но предизвика и низа жестоки реакции, дури и од поранешните соиграчи на славниот актер на приказната.

Бесен на Мајкл Џордан е неговиот некогашен најблизок соиграч Скоти Пипен. Пипен најмногу му се налутил на Џордан бидејќи во втората епизода го нарекол „себичен“ поради одложувањето на операцијата на зглобот се до почетокот на сезоната 1997/98 бидејќи бил во кавга со челниците клубот поради новиот договор.

Исто така не му се допаднало ниту како се прикажани неговите проблеми со мигрената во финалето на Источната конференција во 1990-та година.

-Пипен е толку потценет и недоволно платен. Мислам дека луѓето сега сфаќаат низ што се поминал. Момчето беше херој, на многу начини и во овој документарец требаше да биде заедно со Мајкл Џордан, вели Денис Родман за ЕСПН.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама