Connect with us

Тајмаут

Скршениот рекет на Серена Вилијамс продаден за 21 000 долари

Рекетот што Сера Вилијамс го скрши за време на нејзиниот пораз во финалето на УС Опен против Наоми Осака беше продаден за скоро 21.000 долари.

Вилијамс по мечот му го даде рекетот на собирачот на топки Џастин Арингтон-Холмс. Се верува дека овој студент подоцна го продал рекетот на трговец за 500 долари.

Американските медиуми тврдат трговецот на аукција на кој го продаде златниот медал на Jеси Овенс од Олимписките игри во 1936 година за 615.000 долари успеа да го продаде рекетот за 20.910 долари.

Финалето во 2018 година ќе биде запаметено по расправијата на Серена со судијата на натпревар, Карлос Рамос, откако најдобрата тенисерка на сите времиња доби опомена поради зборување тренер.

Серена не сфати дека е опомената, па после губењето на нејзиниот сервис, го скршила рекетот, Рамос потоа и ја изрекол втората опомена, што Американката ја чинело губење на поен.

Кога се вратила на теренот, и било кажано дека изгубила бод и започна жестока расправија со Рамос на теренот, апотоа биде казнета со одземање гем.

Инаку, Осака го доби тој натпревар со 6:2 и 6:4.