Ракомет
Скубе со емотивна порака се простува од Вардар: Се надевам дека нашите патеки повторно ќе е вкрстат
Сташ Скубе, по две години, заминува од Вардар. Самиот на Инстаграм ја соопшти одлуката и емотивно се прости од дресот на актуелниот европски првак. Токму титулата во ЛШ со Вардар, како што вели тој, била најдоброто нешто што му се случило во професионалната кариера.
-Јас сум многу горд што го носев дресот на ВАРДАР две години и крајно сум горд на се она што направивме во последниот период! Се разбира дека освојувањето на лига на шампиони минатата година беше еден од најдобрите денови во мојот живот! Би сакал да им се заблагодарам на сите мои соиграчи, навивачи и луѓето кои не поддржуваат во добро и во лошо време! Му посакувам се најдобро на ВАРДАР. Го напуштам Скопје лето, но сигурен сум дека нашите патеки повторно ќе се спојат.