Фудбал
Славен Белупо му раскина на Китановски
Китановски спогодбено го раскинаа договорот. Од клубот од Копривница порачаа дека Китановски со своите настапи во пролетниот дел од шампионатот не ги исполнил очекувањата.
Така, завчерашниот меч против Истра, од каде што дојде во Копривница на почетокот од годината, му беше последен во дресот на „фармацевтите“.