Connect with us

Тајмаут

Славиме 5 години ЗАЕДНО: Благодариме за поддршката и критиките и двете се важни за УСПЕХ

Пред 5 (пет) години точно на овој ден мала група на спортски ентузијасти размислува да ја надополни медиумската празнината со спортски вести.

Ја формиравме дигиталната редакција наречена SPORTM.mk. Преку директни преноси на спортски натпревари, графички обработки, интервјуа и вести успеавме да ја добиеме довербата кај наголем дел од вас.

60 илјади публика на социјалната мрежа Фејсбук и над 15 милиони корисници во 5 години барем еднаш го посетиле нашиот домаин. Бројки на кои денеска сме горди. Не беше лесно. Напротив, во држава која е хибриден режим, во држава во која со корупцијата се среќаваш на секој чекор, успеавме да издржеме, но и политиката да биде во АУТ.

Вака растевме...Полека но сигурно

Вака растевме…Полека но сигурно

Нема да се жалиме, само ќе ветиме дека тука нема да застанеме.Преку многу препреки поминавме, она што сега останува е да донесеме уште свежина во ова сивило. Ви најавуваме нови содржини непознати за Македонија досега.

Ви благодариме за критиките и за поддршката. За успех се потребни и двете.

До нови победи!

Ваш,

ТИМ на SPORTM.mk

Реклама

Facebook