Connect with us

Други спортови

Славниот боксер облече униформа, ќе ја брани државата од Русија, а со критики за Германија: Што е следно, перници?!

Легендарниот украински боксер Виталиј Кличко се приклучи на украинската армија на почетокот на 2022 година.

Поранешниот светски шампион во бокс и актуелен градоначалник на Киев, Виталиј Кличко сака да помогне во одбраната на Украина и ги повика и другите лидери да го сторат истото.

„Многу од нас служеа во војската и тие вештини треба да се обноват. Мислам дека таквата обука е од суштинско значење за средните и високите функционери во земја која е во војна осум години“, изјави Кличко претходно за британски Телеграф.

Заедно со Андриј Шевченко, браќата Кличко се најпознатите спортисти во Украина, која е пред можна војна со Русија, која веќе подолго време го стега обрачот околу Украина и планира напад.

Некои сили и пријдоа на помош на Украина, а Кличко е разочаран од „помошта“ од Германија.

Германија ќе и испорача на Украина 5.000 воени шлемови, изјави германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт.

„Добив писмо од украинската амбасада со барање за воена помош. Ќе испратиме 5.000 парчиња како јасна порака, ние сме на ваша стран, изјави таа.

Бидејќи Соединетите Држави и Обединетото Кралство се договорија да достават значителна воена помош, Германија постојано одбиваше да испрати „смртоносно оружје“ во Украина.

Витали Кличко (50) помошта на Германија ја нарече шега.

„Однесувањето на германската влада ме остава без зборови. Министерството за одбрана веројатно не разбра дека се соочуваме со добро опремена руска армија која може да влезе во Украина во секое време. Што ќе ни праќаат следниот пат? Перници?