Connect with us

Други спортови

Славниот македонски ракометар, а сега директор на АМС позитивен на Ковид 19

Поранешниот македонски репрезентативец и екс ракометар на славната генерација на Металург, Наумче Мојсоски е позитивен на Ковид 19. Информацијата самиот ја потврди на социјалните мрежи.

-Драги пријатели,

Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид – 19. Ви моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор.

Чувајте се и почитувајте ги мерките. Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома. Мојот апел до вас пријатели е да направите се` да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно.