Други спортови
Славниот тенисер си го отвори срцето: Не е лесно секоја вечер да ја гледаш сопругата како плаче!
Францускиот тенисер Гаел Монфис има почеток од соништата во 2022 година. Овој ветеран, меѓу другото, вчера во третото коло на Индијан Велс го „нокаутира“ првиот светски тенисер Даниил Медведев, но сега сето тоа му е помалку важно. Монфис оваа сезона ја започна со освојување трофеи на турнирот во Аделаида. Понатаму, тој имаше незаборавни настапи на Австралија опен, стигнувајќи до четвртфиналето. Сепак, тој на крајот загуби од Матео Беретини во пет сета. Французинот го поддржа својот одличен почеток на сезоната со уште еден извонреден резултат во Индијан Велс.
По мечот против Медведев, кого со пораз го симна од првото место на АТП листата, Монфис проговори за својата сопруга Елина Свитолина, Украинката која со недели страда поради војната во нејзината земја.

„Не е лесно да се види расплакана и загрижена сопруга секоја вечер, но се трудам да и помогнам да се чувствува подобро. Јас сум тука за неа секој ден и за нејзиното семејство, за кое се грижам подеднакво. на некој начин сте дел од тоа. Малку е лудо тоа што се случува“, изјави Монфилс.
Монфис ја запроси Свитолина во април 2021 година, а неколку месеци подоцна тие официјално стапија во брачна заедница.
Свитолина досега на различни начини им помагала на несреќните луѓе во Украина, а како некој што доаѓа од таа земја тешко го поднесува сето она што се случува веќе некое време, речиси цели три недели.