Connect with us

Фудбал

Следната дестинација на Агуеро е клубот кој допрва треба да го одигра својот прв официјален натпревар

Без дилема, Серхио Агуеро со години е меѓу најдобрите светски напаѓачи.

Агуеро играше одлично и оваа сезона, a неодамна стана странец со најмногу постигнати голови во англиската Премиер лигата. Тој синоќа постигна гол и ја донесе победа на „граѓаните“ над Шефилд Јунајтед.

Искусниот Аргентинец е член на Манчестер Сити од 2011 година, а негова следна дестинација би можел да биде клубот што ги чека првите натпревари.

Поточно, Интер Мајами во своите редови го сака Агуеро, а според „The Sun“, одличен голгетер нема ништо против да замине во редовите на новиот член на МЛС Лига.

Сопственик на Интер Мајами е Дејвид Бекам. Клубот од Флорида веќе се согласи да го ангажира Дејвид Силва, откако на Шпанецот му истекува договорот со Манчестер Сити.

Инаку, во 2020 година Интер Мајами ќе ја игра својата прва натпреварувачка сезона. Премиерниот натпревар на овој тим ќе биде гостувањето на Лос Анџелес на 1 март.