Connect with us

Други спортови

Словенецот Зајц освои светско злато на големата скокалница на Планица

 Словенечкиот ски скокач Тими Зајц го освои златниот медал на големата скокалница на Светското првенство кое се одржува на Планица.

Зајц вчеравечер пред домашната публика ја освои титулата светски првак со скокови од 137.5 и 137 метри кои му донесоа вкупно 287.5 бодови.

Сребрениот медал го освои Јапонецот Рјоју Кобајаши (276.8 бодови), додека Полјакот Давид Кубацки се закити со бронзата (276.2).

Ова е втор златен медал за Зајц на светските првенства, а второ одличје за Словенија на Светското првенство на Планица.