Ракомет
Словенија ја совлада Португалија и остана во игра за полуфиналето
Словенците не губат надеж, сепак можат да стигнат до полуфиналето на Европското првенство.
Словенија му нанесе втор последователен пораз на Португалија денес (29:24) и ги задржа своите шанси, иако сепак е во неповолна положба во однос на Унгарците.
Имено, Словенија сега ќе навива за Шведска против Унгарија, а во последното коло, кое е на програмата утре, тие треба да ја изненадат суперсилната Норвешка, додека Унгарија игра против отпишаната Португалија.
Португалија одигра добро за првиот половина час од денешниот натпревар, поведе со 15:14 на полувремето, но Словенците направија пресврт на крајот славеа.
Блаж Јанц постигна седум, Борут Моковшек и Јуре Доленец по шест гола во победата на Словенија, додека Миха Зарабец постигна четири. Кај екипата на Португалија најдобар беше Андре Гомес со шест гола. Алфредо Квинтана запиша 15 одбрани, но тоа не беше доволно.
Претпоследното коло од групата 2 подоцна ќе биде комплетирано со Норвешка – Исланд и Шведска – Унгарија.
Португалија – Словенија 24:29 (15:14)
Португалија: Квинтана 15 одбрани, Гомес, Портела 3, Фераз, Мартинс 2, Мореира 1, Силва 1, Салина 2, Борхес, Бранкињо 1, Кавалканти, Ареа 3, Гомес 6, Антунус 1, Фрејд 4, Магалхас.
Словенија: Ферлин 10 одбрани, Кастелиќ, Благотинсе 2, Хенигман 1, Јанц 7, Доленец 6, Сингесар 1, Чехте, Кодрин, Зарабец 4, Состариќ, Хорзен, Забиќ, Овнишек, Бомбаш 2, Мачовшек 6.